Thursday, July 18, 2013

Поставена нова кутија на Козина, Отмар - лева варијанта и АПБ

           Минатата недела беше поставена нова кутија заедно со тетратка за потпишување за сите оние кои качуваат низ насоките Козина, АПБ и Отмар - лева варијанта. АПБ сеуште не сум ја качувал, а за Козина и Отмар - л.в. можам да кажам дека се две прекрасни насоки, две прекрасни линии од кои Козина е можеби најмаркантата линија односно раб гледајќи ја централната карпа на Матка.
          Можбеи самото поставување кутија не е некоја битна вест сама по себе, но со оглед дека тоа влегува во одружување и унапредување на локалитетот Матка, а на тоа поле долги години не е направено многу, јас лично гледам како еден убав гест, кој ќе донесе малку повеќе качувачи на овие насоки инаку не многу често качувани, малку повеќе да ги популаризира, и начин за полесна евиденција кој таму качува, за споделување лични пораки околу доживувањето на овие убави насоки.
          Во име на ова поставување на кутии, си смисливме изговор да отидеме веднаш и да ги качиме, да се потпишеме во таа нова кутија, да се заблагодариме за тој нечин труд. Се разбира дека основен мотив ни е секогаш качувањето и само качувањето, но убаво е на овој начин да си измислуваме приговори кои можеби и во работни денови или во топлите летни денови да не извадат од летната летаргија и да отидеме и да качиме нешто. Знам дека ова беше еден таков повод и изговор.
         Качуваме во раните часови кои сепак во Скопското лето знаат да бидат  пеколни, времето беше многу наклонето, ветар и качување во сенка до 10 часот со многу пријатна температура, потполна тишина во кањотот која често е нарушена од туристи и ресторанот Матка, два преубави дена во кои ги качивме Козина и Отмар во два дена, три наврски со членови на Алпнистичкиот клуб 8.
       

текст и фотографии: Александар Зарапчиев

Методи Чилиманов во водство во втората должина на Козина


кај 'кутијата'


Методи Чилиманов во водство, прва должина Отмар - лева варијанта


Елена Диновска пред третото сидриште на Козина


Елена Диновска пред третото сидриште на Козина


Маја Мухиќ, превисот во втората должина на Отмар - лева варијанта


превисот во втората должина на Отмар - лева варијанта


пред заглавениот френд во пукнатината во втората должина на Отмар - лева варијанта


последната должина односно излезот од двете насоки, Козина и Отмар - лева