Friday, March 21, 2014

Месечување #5


          Месечување е настан кој спонтано се договоривме така да се вика, веќе пишував за ова кај Месечување#1. Тоа е неформален собир во кој се искачуваат долги алпинистички насоки ноќно. До сега имаше вакви 5 официјални средби. Многу повеќе неофицијални.. Идејата е да се дружиме ноќе, малку да тренираме ноќно качување кое е потребно да се знае.. но многу повеќе да избегаме од топлото време во лето и навечер кога ќе разлади да качуваме.. да украдеме малку време за качување после дневните работни обрвски, забава пред се.

екипата од Месечување #5

          Вторникот се одржа Месечување #5, малку после полна месечина но доволна сјајна. Одлично пролетно време, 6 алпинистички наврски, 13 качувачи, и качени 6 различни долги алпинистички насоки. Отмар лева варијанта, Отмар, Матка лева, Циго, Ветерански и Борник се имињата на качените насоки. До наредното месечување..

собирање кај чамците

Чамец 1

чамец 2

припреми за качување

припреми и обезбедување


Тања Пенева на насоката Матка лева, второ сидриште.


Хекуран Зекири имаше прво качување долга насока (па уште ноќно) и дебело си ја заслужи иницијацијата за 'прво качување' долга насока..




Елена Диновска на излезот од Отмар лева варијанта

уживање на последното сидриште под 'речиси' полната месечина која не успеавме да ја фото-доловиме.