за Клубот

Алпинистичкиот клуб 8 - АК 8 Скопје е оформен во почетокот на 2013-та година од група ентузијасти со цел промовирање и унапредување на алпинизмот во Македонија.

Алпинистичката обука се спроведува на ниво на алпинистички клубови и на ниво на Македонската алпинистичка федерација.
Во рамките на клубовите обуката се спроведува преку организирани алпинистички училишта кои се раководени од страна на Инструктори по алпинизам кои поседуваат важечка инструкторска лиценца.

Обуката во рамките на Македонската алпинистичка федерација се спроведува преку курсеви и семинари. Курсевите и семинарите најчесто се од тематски карактер и на нив се обработуваат структурирани содржини кои се наменети за одреден алпинистички назив или пак за одреден сегмент од алпинистичката проблематика.

Секоја година Македонската алпинистичка федерација организира најмалку по еден семинар и курс за ‘‘зимски‘‘ и за ‘‘летен‘‘ алпинизам.

Сите што се заинтересирани за овој спорт може да станат членови на клубот, односно на Македонската алпинистичка федерација.
За да се стане член во АК 8 потребно е да се поседува соодветен лекарски преглед и животно осигурување. 

No comments:

Post a Comment