Tuesday, December 29, 2015

АК 8 најуспешен клуб за 2015та година според Македонската алпинистичка федерација

           Пред две недели на 18ти декември во големиот амфитеатар на Универзитеот на југоистична Европа во Скопје беа презентирани активностите на Македонската алпинистичка федерација МАФ во изминатата година и беа доделени признанијата за најуспешни алпинисти/стки во федерацијата.
          Иван Јакимовски од АК Матка имаше презентација за школските акции остварени со помош од Агенцијата за млади и спорт во Пакленица и во Враца.
          Алпинистот инструктор Зоран Мајсторски од АК ПЛОЧА имаше презентација за уште една акција помогната од Агенцијата за млади и спорт која се случи летото на Доломитите, во Италија.


          Методи Чилиманов и Маја Мухиќ имаа презентација за нивното качување во Јулските алпи, а малку подоцна им се приклучи и Алекснадар Зарапчиев со кој ги презентираа новите алпинистички насоки направени на Демир Капија токму од оваа тројка. 

Линијата на насоката ТРИЈАТЕЛИ која беше искачена од оваа тројка.

Линијата на насоката Чешит Мелем.
          После овие презентации беа доделени признанијата "Јован Ангелов Циго" од кои клубот АК 8 се збогати со три вакви признанија:

         Претходно споменатата тројка Маја Мухиќ, Методи Чилиманов за успешно искачените две нови превенствени насоки на Демир капија, но и многу бројни други заеднички искачувања на локалитети низ Македонија, како и бројни клубски активности го добија признанието за НАЈУСПЕШНА АЛПИНИСТИЧКА НАВРСКА ЗА 2015та година


Маја Мухиќ, Александар Зарапчиев и Методи Чилиманов - најуспешна алпинистичка наврска за 2015та година.
          За инзворедно интересни алпинистички искачувања, на локалитети низ Македонија, Бугарија, Грција, Словенија, Црна Гора, Австрија, Италија за НАЈУСПЕШНА АЛПИНИСТКА за 2014/2015 година признанието Јован Ангелов Циго и беше доделено на Маја Мухиќ.



          Конечно за најуспешен клуб за 2015та година се прогласува клубот АК8.


          За еден млад клуб, ова е навистина голем признание. Веќе три години клубот АК8 работи на тоа да помогне во подобра афирмација на алпинизмот во Македонија, но и усовршување на знаењето на своите членови. Клубот успеа трократно да го зголеми членството од првата година се до сега, да обезбеди клубска опрема за сериозни алпинистчки искачувања како и опрема за своите почетници, и како една од најинтересните работи со кои се занимаваше да посвети време и внимание на најмладата генерација организирајќи часови за качување за најмладите. 


           Навистина среќни за овие признанија во конкуренција на клубови со серизна традиција зад себе за нас значи многу.
           Искажуваме голема благодарност до Македонската алпнистичка федерација за доделените признанија, и изразуваме увереност да ја зацрвстиме таа доверба со уште многу работа и алпинистички искачувања.

Со почит
Алпинистчки клуб 8 - АК 8  Скопје

Friday, December 25, 2015

Последниот час во 2015та со најмладите во Алпинистички клуб АК 8

          Вчера беше последен ден во 2015 година од курсот за качување на деца на Алпинистички клуб 8. Си поминавме одлично како и секогаш. 


Најмалдите си добија новогодишни пакетчиња.
          Искрено благодариме на родителите кои се упорни и покрај тешкиот работен ден да ги носат децата на качување, на Томи Болдерче за убавиот пристап и истрајноста која го прави ја прави вежбалната Болдер-че посебно место за тренинг. 
          Благодарност до училиштето QSI за салата која ни овозможува убав и релаксиран тренинг.
          Сепак најголема благодарност имаме до децата, нивните искрени насмевки и нивната храброст ни прават еден фин рестарт во денот и ни откриваат што е важно – да си активен упорен и храбар!

          Вчерашниот тренинг го направи посебно „сладок“ Витаминка од Прилеп кои великодушно придонесоа да ги израдуваме децата со богати пакетчиња од нивните производи.

Ви посакуваме среќни празници!

Алпинистички клуб 8










Monday, December 14, 2015

Спасување куче под Орлови карпи на Попова Шапка

          Викендов членови на АК8 имаа план тренинг и обука во кулоарите под врвот Антени, на Попова Шапка. Во саботата двајца членови качуваа еден од кулоарите и пред тоа искачување ги следело едно куче од населбата се до почетокот на карпата над снегот високо во кулоарот.



          Следниот ден - недела истото место го посетија уште тројца членови, Маја Мухиќ, Методи Чилиманов и Благоја Китановски да го повторат искачувањето и тренингот. Но, наместо тренинг и качување денот го поминаа во спасувачка акција за кучето од претходниот ден, кое неможејки да се врати по стрмниот кулоар, се блокирало и останало на карпата цели 24 часа. Премзнато и исплашено не било лесно да се симне, давало отпор поради истрпениот стрес, но и видно ослабено од студот преку ноќта.





          Мето, Маја и Благоја само ни пренесоа дека веорјатно ја качиле најубавата насока досега, секако мислејќи на чинот на помагање на беспомошното куче. Среќни се дека кучето е добро.

Материјалите се снимени од Маја Мухиќ и Методи Чилиманов.

видеото од настано: