Вчера беше последен ден во 2015 година од курсот за качување на
деца на Алпинистички клуб 8. Си поминавме одлично како и секогаш.
![]() |
Најмалдите си добија новогодишни пакетчиња. |
Искрено
благодариме на родителите кои се упорни и покрај тешкиот работен ден да ги
носат децата на качување, на Томи Болдерче за убавиот пристап и истрајноста
која го прави ја прави вежбалната Болдер-че посебно место за тренинг.
Благодарност до училиштето QSI за салата која ни овозможува убав и релаксиран
тренинг.
Сепак најголема благодарност имаме до децата, нивните искрени насмевки
и нивната храброст ни прават еден фин рестарт во денот и ни откриваат што е
важно – да си активен упорен и храбар!
Вчерашниот тренинг го направи посебно „сладок“ Витаминка од Прилеп
кои великодушно придонесоа да ги израдуваме децата со богати пакетчиња од
нивните производи.
Ви посакуваме среќни празници!
Алпинистички клуб 8
No comments:
Post a Comment