Месечување е настан кој спонтано се договоривме така да се вика, веќе пишував за ова кај Месечување#1. Тоа е неформален собир во кој се искачуваат долги алпинистички насоки ноќно. До сега имаше вакви 5 официјални средби. Многу повеќе неофицијални.. Идејата е да се дружиме ноќе, малку да тренираме ноќно качување кое е потребно да се знае.. но многу повеќе да избегаме од топлото време во лето и навечер кога ќе разлади да качуваме.. да украдеме малку време за качување после дневните работни обрвски, забава пред се.
екипата од Месечување #5 |
Вторникот се одржа Месечување #5, малку после полна месечина но доволна сјајна. Одлично пролетно време, 6 алпинистички наврски, 13 качувачи, и качени 6 различни долги алпинистички насоки. Отмар лева варијанта, Отмар, Матка лева, Циго, Ветерански и Борник се имињата на качените насоки. До наредното месечување..
собирање кај чамците |
Чамец 1 |
чамец 2 |
припреми за качување |
припреми и обезбедување |
Тања Пенева на насоката Матка лева, второ сидриште. |
Хекуран Зекири имаше прво качување долга насока (па уште ноќно) и дебело си ја заслужи иницијацијата за 'прво качување' долга насока.. |
Елена Диновска на излезот од Отмар лева варијанта |
уживање на последното сидриште под 'речиси' полната месечина која не успеавме да ја фото-доловиме. |
No comments:
Post a Comment