Friday, May 1, 2015

Донација од опрема за клубот АК 8




          Конечно после две години постоење, клубот АК8 успеа да обезбеди донација на опрема. Не случајно се оствари оваа помош. Донацијата ја добивме од едена општествено одгoворна личност, човек кој верува во собирање средства и донации за развој на различни иницијативи,тој препозна искрена намера во клубот АК 8 и нашите потреби за нова опрема, особено онаа наменета за почетници. Последниов период имаме нови членови, и нови аспиратни за членови на кои не можевме да им одговориме поради немање на доволно опрема неопходна за работа со почетници, нешто што веќе не е проблем.
          И покрај свесноста и вољата за помош во вакви општествени иницијативи, како нашиот клуб кој се обидува да шири љубов кон планината и алпинизмот, да едуцира и учи деца и возрасни почетници да качуваат, веруваме дека мотивот на нашиот нов пријател господинот Ендру Гудспид, про-декан и професор на универзитетот на ЈИЕ го црпи исто и преку неговото потекло, а тоа е Денвер, Колорадо, епско место за Американските алпинисти, планинари, скијачи и воопшто планински ентузијасти, место каде се калемела нивната култура односно на сите Американски пионери во алпинизмот. Тој вели "За нас беше продолжение од школото да качуваме за време на викендите".

          Среќни сме што ни се сретнаа патишата и што ова го добиваме од еден ваков човек, кој е израснат на планина и добро го разбира она што го работиме и она во кое веруваме дека е вредно да се споделува и промовира. Дека во качувањето се учи односно се вкусува слободата,  но притоа да се биде особенo одговорен спрема себе, оние со кои се качува и најповеќе одговорноста што ја имаме спрема природата. Искрено се надевам дека ќе успееме како клуб да ви пренесеме и организираме презентација на  дел од импресииите на овој човек кој израснал во Колорадо на нас, вљубениците во планината.

          Како директно влијание на оваа донирана опрема, клубот АК 8 конечно почна да работи со мали деца, секција која е особено важна за мисијата која ја имаме. За оваа цел ни беше потребна специјална опрема односно детски појаси, шлемови и јаже кои ни ги обезбеди господиниот Гудспид. Тој верува дека покрај директниот импулс како овој кој го имаме со нашата  нова секција, поважно е дека се обезбедува будење кај заедницата, создавање на позитивна атмосфера во општеството каде живееме за обезбедување на уште повеќе вакви донации, и се надеваме дека ќе биде како што тој вели, дека ова само треба да потикне повеќе луѓе да ги помогнат сличните инцијативи како оваа нашата.

          Голема благодарност до специјализираната продавница за планинарска опрема outdoor.mk која ни помогна донацијата да ја искористиме најповолно и максимално имаа разбирање за нашите барања и можности.






No comments:

Post a Comment